Нови фотографии од одговорот на Mercedes на BMW X7 / ФОТО
И претходно според некои шпионски фотографии можевме да претпоставиме како ќе изгледа одговорот на Mercedes на ривалскиот BMW X7, но по овие фотографии веќе се е повеќе од јасно
Како што се очекуваше, новата генерација на GLS изгледа како „набилдана“ верзија на GLE, но со новиот дизајнерски јазик на Mercedes.
За разлика од компактните браќа, GLS е побогат со хромирани детали на каросеријата, додека задниот дел на автомобилот го красат тесни LED стоп светла.
Внатрешноста како и добар дел од екстериерот е слична на моделот GLE, што првенствено се рефлектира во идентичната контролна табла со двоен дисплеј и висококвалитетни материјали. Внатрешноста нуди повеќе простор од било кога, особено во вториот ред на седиштата, благодарение на меѓуоскиното растојание од 3.137 mm, што е повеќе од она што го има BMW X7 (3.104 mm).
Клиентите ќе имаат голем избор на погонски единици, вклучувајќи го и најновиот „благ“ 48-волтен хибриден систем со шест-цилиндерска SUS единица од GLE.
Што се однесува до моќните AMG верзии, место ќе најде 4.0-литарски V8 со двојно турбо, а сите модели ќе имаат 9-степен автоматски менувач.
Mercedes веќе работи на ултра-луксузна Maybach верзија на GLS, а најскапата верзија на овој модел во однос на остатокот од понудата, ќе нуди првенствено уникатни браници, фелни и предна маска.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1NpmwegL6fdaf0kdFfV2bmg1wzXXWJmXu” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Новиот GLS официјално ќе биде претставен на 17 април на Саемот за автомобили во Њујорк.