Кросовер моделите во моментов се во фокусот на автомобилските производителите кои сакаат со својата понуда да го покријат секој сегмент, иако често разликата во димензии помеѓу два модели е речиси неприметна

Еден од овие модели е новиот Mercedes-Benz GLB, кој треба да го пополни јазот помеѓу постоечките кросовери GLA и GLC.

Представен на овогодинешниот Саем за автомобили во Шангај, GLB во моментов е само концепт, но реални се шансите во сериско производство да влезе веќе следната година.

Главниот детал на овој концепт е неговиот протеренски изглед, а германскиот производител на автомобили верува дека иако не може да понуди повеќе простор од малиот кросовер GLA, сепак ќе привлече сосема различна група на клиенти кои сакаат да се симнат од патот и да уживаат во off-road авантури. Платформата и поголемиот дел од механиката GLB ги дели со GLA, како и малиот хеџбек – А-класа, иако веќе на прв поглед е сосема јасно дека дизајнот е инспириран од поголемите модели како што се, на пример, Г-класата.

Ова особено се однесува на теренските гуми и шините на покривот, иако серискиот модел во стандардната верзија би можел да биде нешто поцивилизиран. Од споменатиот GLA е за 7,2 cm подолг, а најголемата разлика е во висината каде новитетот е за 26,7 cm повисок, дури и на поголемиот GLC (вкупната висина е 172,5 cm). Од друга страна, дизајнот е речиси идентичен со другите модели на компанијата и не носи никаква револуција.

Mercedes вели дека GLB се придвижува со 2.0-литарски турбо бензински мотор со повеќе од 224 коњски сили, кои на сите четири тркала се пренесуваат преку 8-брзински автоматски менувач. Возачот може да избере режим на возење, така што во режимот Sport and Comfort, дури 80% од вртежниот момент се пренесува само на предните тркала, а во режимот Off-Road е еднакво распореден на на тркалата на двете осовини.

Серискиот модел се очекува да обезбеди уште неколку опции, вклучувајќи и хибриден AMG кој моментално е инсталиран во моделите A35 и CLA35. За европскиот пазар, понудата исто така треба да содржи и дизел верзија.

Во однос на ентериерот, од компанијата велат дека стилот е речиси идентичен со оној на Б-класата и веќе е подготвен за сериско производство. Вториот ред седишта лесно може да се помести за да се ослободи дополнителен простор во третиот ред на седишта, што е доволно голем за двајца возрасни.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1MU4y_fdJ2KNQUeEcOQQJYBm-OAa59cYz” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Серискиот модел може да дебитира на крајот од оваа година, а производството би започнало следното лето.