Volkswagen го претстави SUV моделот на иднината / ФОТО
Германскиот гигант Volkswagen пред стартот на саемот во Шангај го претстави својот електричен SUV предводник во гамата на модели
Наречен I.D. Roomzz, овој VW ќе се обиде да го искористи актуелниот момент на популарност на електрификацијата и SUV моделите со три реда на седишта.
Базиран на платформата MEB, моделот е поголем од I.D. Crozz кој дебитираше во Лос Анџелес во 2017 година. Должината е 4.915 mm, ширината 1.890 mm, висината 1.760 mm, а меѓуоскиното растојание 2.965 mm.
Од VW тврдат дека Roomzz ќе понуди повеќе простор од актуелниот SUV предводник со конвенционален погон – Touareg.
Volkswagen I.D. Roomzz има своја верзија на технологијата 4MOTION, два електрични мотори управуваат со предните и задните оски, а системот има 302 КС. Ова му овозможува на овој SUV да забрзuva од место до 100 km/h за 6,6 секунди со максимална брзина од 180 km/h.
Уште поважнa е автономијата – батеријата од 82 kWh обезбедува опсег од 450 километри според новите WLTP стандарди. Капацитетот на батеријата до 80% се полни за 30 минути.
Еден од клучните детали на Roomzz се трите реда на седишта, кои може да се конвертираат во дневна соба на тркалата.
Во внатрешноста доминира дигитализираната, целосно стаклена предна плоча и футуристичкиот волан.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1FpquVZzR0XTzMmhvypnJPMppVLt-__8w” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Моделот Roomzz како и остатокот од I.D. семејството Crozz, својата продукциска верзија ќе ја добие 2020 година, кога ќе почне и глобалната продажба.