Amnesty International: Електричните автомобили ниту се „чисти“, ниту „еколошки“
За време на одржувањето на Nordic Electric Vehicle самитот во Осло, се огласи невладината организација Amnesty International, која излезе со серија обвинувања на сметка на производителите на батерии за електрични автомобили
Amnesty International нагласува дека електричните модели се чекор кон пониска емисија, но денес се далеку од чисти и еколошки возила, пред се поради употребата на батерии чие производство е тесно поврзано со бројни прекршувања на човековите права.
Оваа НВО посочува дека поголемиот дел од кобалтот што се користи за производство на литиум-јонски батерии доаѓа од Демократска Република Конго, а се тврди дека во таа земја во рудниците за кобалт работат и возрасни и деца. Покрај тоа, условите за работа во однос на безбедноста при работа се никакви и сериозно го загрозуваат здравјето на работниците. Покрај тоа, Amnesty International тврди дека начинот на копање на оваа руда е надвор од сите еколошки норми.
Amnesty International, исто така, го посочува и проблемот со рудниците за литиум во Аргентина. Ископините се направени на земја што им припаѓа на домородците, односно индиските племиња кои сѐ уште живеат со номадски животен стил. Рудниците настануваат без дозвола и согласност на локалните жители, со што се загрозува опстанокот на Индијанците во овие области.
Amnesty International истакнува и дека процесот на производство на батерии сам по себе е далеку од еколошки. Повеќето батерии се произведуваат во Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Сите три земји најголемиот дел од електричната енергија го добиваат од термоцентралите или со употреба на јаглен. На овој начин се вршат огромни емисии на јаглероден диоксид.
Во прилог на погоре, се наведува дека употребата на ретки метали како што се литиум, манган и кобалт во батериите доведе до огромна побарувачка сезона за истите и за се поголеми истражувања на морското дно во потрага по овие метали.
На крајот, Amnesty International ги повикува лидерите на автомобилската индустрија да најдат соодветно еколошко решение за рециклирање на батериите со намален енергетски капацитет.