На крајот од оваа година, по седум децении од производните ленти ќе биде симната и последната Буба или Volkswagen Beetle. Како што во моментов стојат работите, оваа одлука ништо неможе да ја промени

Beetle Final Edition SE, чија почетна цена е околу 21.100 евра, ќе биде последната Буба произведена со мотор со внатрешно согорување.

Иако имаше шпекулации дека електрификацијата би можела да го спаси овој легендарен модел, сепак EV инспириран од култниот автомобил нема да биде наследник.

„Потребно е да се направи нешто емотивно, но не можеме да ја покриеме целата палета на историски модели на Volkswagen со електрични автомобили. Не треба да го правиме тоа“, вели првиот човек на Vilkswagen, Херберт Дис.