Воочи официјалната премиера во Женева, шпанскиот производител на автомобили со високи перформанси Cupra, го претстави својот втор модел, концепт на хибриден SUV наречен Formentor

Овој купе кросовер купе се напојува од хибриден систем кој испорачува 245 КС и има автономија од 50 километри само на електричен погон, според новиот WLTP стандард.

Со прилично агресивен дизајн, Cupra Formentor се карактеризира со динамични пропорции и линии низ целата каросерија, предната маска ја најавува појавата на новата генерација на Seat Leon, а на задниот дел светлосните групи се поврзани со LED лента.

Со автоматски менувач со двојна спојка и заклучување на диференцијалот, како и адаптивна суспензија и напреден управувачки систем, Formentor е опишан како „највисоко ниво на динамичност“..

Внатрешноста е изработена од висококвалитетни материјали, вклучувајќи ги и кожни седишта од јаглеродни влакна. Тука се и дигиталниот контролен панел како и прилично големиот 10-инчен екран од мултимедијалниот систем кој доминира во просторот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1W0A03sr1JMLfbhSXF3_F5yasxxwsMYfG” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Спортскиот бренд на Seat производствената верзија на Formentor треба да ја понуди во 2020 година.