Дизелската криза ја зголемува цената на еден благороден метал
Од почетокот на годината вредноста на паладиумот е зголемена за 20%
Во изминатиот период напишано е доста за тоа дека производството на електричните автомобили може да има сериозни проблеми поради поскапувањето на некои вредни метали, потребни за нивната изработка. Како што стојат работите во моментов, произлегува дека со таков проблем може да се соочат и возилата со мотори со внатрешно согорување.
Во овој случај причината е паладиумот – скапоцен метал кој се користи за автомобилските катализатори. Неговата цена во последно време сериозно расте сериозно, а според експертите, причината е кризата во секорот со дизел мотори.
Само од почетокот на годината, цените на паладиумот се зголемени за 20%. Оваа недела тројна унца од металот (околу 31,1 грам) за прв пат во историјата се на берза се продаваше за повеќе од 1.500 долари. И причината за ова е автомобилската индустрија.
Во текот на 2018 година, околу 85% од вкупните потреби за овој скап метал отпаѓа на производителите на автомобили. Од паладиумот се изработуваат катализаторите, а воведувањето на построги еколошки стандарди ја прави побарувачката за него поголема. Уште еден доказ дека екологијата е скапа.
Покрај тоа, дизел автомобилите јавно се дискредитирани, што доведува до намалување на нивното производство за сметка на бензинските. Интересно е дека за дизел катализаторите не се користи паладиум, туку платина, чија цена речиси не се сменила од почетокот на годината.
Сепак, експертите не очекуваат пораст на цената на новите автомобили поради поскапувањето на овој благороден метал. За еден катализатор се користат 0,6-0,9 грама паладиум, кој се добива најмногу во Јужна Африка и Русија. Најголеми потрошувачи се Кина, Северна Америка, Европа и Јапонија.