Škoda Karoq и Kodiaq наскоро добиваат „помлад брат“
Првиот човек на Škoda, Бернард Мајер, изјави дека претстојниот SUV модел ќе биде достапен за купувачите во следните 12 месеци, како и тоа дека станува збор за најпрактичниот и најпростран автомобил во овој сегмент
Новиот чешки автомобил ќе биде поставен на платформата на Volkswagen MQB A0, но според Majer, моделот ќе има далеку поголем простор во салонот и поголем багажен простор од конкурентите.
Стилски, серискиот модел ќе личи на концептот Vision X, а со тоа визуелно ќе биде од своите SUV „браќа“. Škoda има намера да привлече помлади клиенти, а способноста да се персонализира автомобилот ќе биде на многу високо ниво.
Најавениот кросовер модел Škoda нема да го нуди со погон на сите тркала, првенствено поради заштеда на пари, но исто така, како што вели првиот човек на брендот, и бидејќи нема потреба од тоа, бидејќи повеќето од овие автомобили никогаш нема да доживеат теренска употреба.
Што се однесува до палетата на мотори, се очекува истата да започнува со 3-цилиндерски бензинци кои веќе можат да се најдат во возилата на Škoda, а ќе биде понуден и 1.5-литарски со четири цилиндри. Од дизел агрегатите, достапен за потрошувачите, најверојатно, ќе биде 1.6-литарски TDI мотор, а интересно е дека Škoda не веројатно не планира plug-in хибридна варијанта за престојниот модел.
Чешката марка интензивно работи на проширување на SUV портфолиото во согласност со трендот во Европа. Според проценките, до 2020 година, секој трет автомобил на Стариот континент ќе припаѓа на SUV сегментот.