Суштината на новата технологија презентирана од Ford е во правец на претходно кажаното, но во пракса функционира многу побезбедно

Сепак, како и да се гледа на работите, минувањето низ крстосница без запирање додека сте во рацете на компјутерот и програмираниот алгоритам, најблаго кажано, воопшто не е пријатно.

А токму тоа го нуди новата Ford IMP технологија, или Intersection Priority Management. Едноставно кажано, станува збор за систем на управување со првенство на премин, кој треба да го оптимизира протокот на возила преку крстосници.

Статистичките податоци велат дека луѓето трошат во просек два дена годишно чекајќи на семафори, а во Ford мислат дека со својата технологија тоа може да го поништат. Системот е базиран на комуникација помеѓу возила по што се координира нивната работа. На пример, ако две возила наидуваат до иста крстосница, системот ќе предвиди оптимална брзина за поминување низ крстосницата без да дојде до судир по меѓу возилата.

Самото гледање на видеото јасно покажува дека таков премин низ крстосница не е особено пријатен, особено за оние кои сакаат да имаат контрола над своето движење. Се разбира, во Форд не се согласуваат со ова и велат дека системот се однесува како одењето на пешаци по тротоар. Тие нагласуваат дека овој систем заштедува време и пари, бидејќи влијае и на потрошувачката на гориво. Исто така, со оглед на тоа што 60% од сообраќајните несреќи се случуваат на крстосници, овој систем (додека работи) дури и ја зголемува безбедноста во сообраќајот, велат неговите автори.