Форсираната електрификација може да ја уништи автомобилската индустрија!
Аналитичарите велат дека електричните автомобили (EV) не само што не се профитабилни, туку никогаш и нема да бидат, а се закануваат да ја загрозат автомобилската индустрија
Во анализата на агенцијата Reuters се истакнува автомобилските производители се наоѓаат во ужасна ситуација, поради нивната обврска за исполнување на се построгите еколошки стандарди. Затоа тие го форсираат производството на електрични возила, иако купувачите не сакаат да платат повеќе за EV автомобил, што производителите ги чини повеќе кога станува збор за производството.
„Побарувачката не ја оправдува инвестицијата. Сето тоа се случува поради регулативата“, тврди аналитичарот Ребека Линдленд.
Директорот на консултантската фирма AlixPartners, Лорен Петизон, додава масло на оган, велејќи дека производителите се повеќе подготвени да изгубат пари отколку да плаќаат еколошки казни.
Проценките велат дека производителите наплаќаат во просек 7.800 евра повеќе за EV автомобил споредбено за стандардната верзија на истиот модел. Петизон посочува дека разликата во трошоците за производство на EV автомобилите е многу помала од луксузните автомобили.
Затоа, дури и пред да се појават, електричните модели како DS 3 Crossback и Mercedes EQC, кои имаат погон на батерија, веќе се губитници.
Во меѓувреме, фирмите кои се бават со лобирање како што е Европската асоцијација на производители на автомобили (EAMA- European Automobile Manufacturers Association), предупредува на блиска закана од приближно 3,4 милиони работни места во автомобилската индустрија. Се истакнува дека целата светска економија ќе се разниша поради транзицијата кон електрични, поврзани и автономни возила.
Очигледна е и поделбата меѓу компаниите кои се подготвени и способни да инвестираат време и ресурси во развојот на технологија и оние кои се спротивставуваат на промените.
Во секој случај, враќање назад нема, а Reuters проценува дека во наредните три години е најавено лансирање на 200 електрични и plug-in-хибридни модели.
Се разбира, како и во секоја промена на ова ниво ќе има победници и губитници. Според Reuter, големите производители како Volkswagen Group можат да си дозволат губитоци на EV возилата ако тоа им дозволи да продолжат да ги продаваат оние што им носат најголем профит, како што се SUV возилата и големите лимузини. Од друга страна, конкурентите со среден удел на пазарот како француската PSA Group и Renault ќе се соочат со многу потежок предизвик.