Toyota со Yaris GRMN дефинитивно направила добра работа

По дуелот на Yaris со Renault Cliо R.S, во кој без оглед на фактот дека францускиот модел е помоќен, јапонскиот модел излезе како победник, следи уште еден двобој.


Овој пат, ривалот е исто така етаблиран, а станува збор за Polo GTI. Пуленот на Volkswagen исто така се има покажано како подобар од Renault Cliо RS 18, така да победникот на оваа борба може да се нарече број 1 во Б сегментот. Polo има повисок максимален вртежен момент, има систем launch control и забрзува побрзо од фабрички декларираното. Дали е тоа доволно да се победи „наострениот“ Yaris со рачен менувач и помала маса?

Погледнете го видеото.