Во моментов, имаме три категории на возила кои користат електрична енергија за работа, дел делумно, дел целосно. Тоа се хибридите, plug-in хибридите и автомобилите со чист електричен погон. Секој од нив има свои предности. Како да одберете што е најдобро?

Хибриди

Хибридните возила користат конвенционален (најчесто бензински) SUS мотор како примарен извор на енергија. До одреден степен, придонес во работата на конвенционалниот агрегат има и електромоторот. Тој се напојува од батерија која самостојно се дополнува од системот за рекуперација на енергијата добиена преку сопирање или забавување. Во зависност од моделот, електричниот мотор на бензинскиот мотор му дополнува моќ кога тоа е потребно или самостојно го придвижува возилото неколку километри.

Заштедата на гориво е од скромна до изразена, што зависи од моделот. Лидери во оваа област се Hyunai Ioniq со потрошувачка од 4,13 / 4,00 (град / автопат) литри на 100 километри и Toyota Prius со потрошувачка од 4.06 / 4.44 (град / автопат) литри.

Недостатокот на овој систем е повисоката цена споредбено со соодветниот конвенционален модел, така што преку експлоатација тешко може да се компензира разликата во цената. За разлика од plug-in хибридите и EV моделите, овие модели не се субвенционирани во ниедна земја.

Plug-in хибриди

Познатата кратенка за овој тип возило е PHEV. Автомобилите од овој сегмент користат поголема батерија која овозможува повеќе автономија на чисто на електричен погон во однос на стандардните хибриди. Како што се подразбира името, батеријата се полни со поврзување на електричната мрежа, во текот на ноќта, кога автомобилот не се користи. Кога батеријата ќе се испразни до одреден степен, PHEV функционира како конвенционален хибрид со електричен мотор кој му помага на SUS моторот.

Chevrolet Volt и BMW i3 со мотор на продолжување на автономија имаат поинаков пристап кон оваа технологија. Двата модели се напојуваат првенствено од електричен мотор, додека малиот бензински генератор се користи за напојување на електромоторот откако батеријата ќе се испразни.

За разлика од целосно електричните автомобили, сопствениците на plug-in-хибриди не мора да се грижат дека на пат ќе останат со целосно испразнета батерија.

Електричната автономија на PHEV моделите и потрошувачката на гориво варираат во голема мера од модел до модел. На пример, PHEV верзијата на Mini Countryman номинално може да помине 20 километри. Од друга страна, Toyota Prius Prime PHEV може на „батерија“ да помине над 40 километри, а Chevrolet Volt – 85 километри.

Plug-in хибридите се поскапи од стандардните хибриди. На пример, Prius Prime, чини 3.800 долари повеќе од основниот Prius. За разлика од хибридите, PHEV моделите речиси насекаде се субвенционирани.

EV

Целосно електричните автомобили можат да се пофалат со нула емисија и обично експлоатацијата им е поевтина во однос на автомобилите со бензински мотор. Овие модели се прилично динамични, бидејќи електричниот мотор испорачува 100 проценти од вртежниот момент во ист момент кога ќе се притисне на педалот за гас. Сепак, она што ги ограничува електричните автомобили е нивната автономија и фактот дека тие треба да се полнат преку електрична врска, било дома или на јавно место. Кога батеријата е испразнета, автомобилот застанува. Ова е голема пречка кога автомобилот треба да се користи за подолго патување. Повеќето електрични автомобили имаат автономија помеѓу 150 и 200 километри со целосно наполнета батерија, што е сосема доволно за потребите на урбаната експлоатација.

Tesla Model S е „шампион” во овој домен, со максимална проценета автономија од 540 километри по полнење. Сепак, треба да се има на ум дека има голем број фактори кои влијаат на автономијата на електричниот автомобил: висока брзини, ладни временски услови, употреба на уреди во возилото кои користат електрична енергија …

EV моделите се поскапи од хибридите и PHEV моделите. На пример, Ford Focus Electric чини 11.000 долари повеќе од бензинскиот пандан. Tesla Model S е со цена од речиси 76.000 долари, па се до 136.000 долари, и тоа без опции.

Се разбира, за електричните автомобили се добиваат најмногу субвенции.

Loading...