FCA во соопштението за медиумите наведува дека Маркионе се опоравува по операцијата, но неговата здравствена состојба е значително влошена. „Како последица на тоа, г-дин Маркионе нема да може да се врати на работа“, се вели во соопштението на компанијата

Со цел да се обезбеди оперативен континуитет на управувањето, Управниот одбор сите овластувања кои ги поседува извршниот директор на италијанско-американската групација му ги пренел на Мајк Менли, со моментално правно дејство. Менли сега е првиот човек на групата и за регионот NAFTA, стои во соопштението од FCA.

Мајк Менли има 54 години и по националност е Англичанец. Менли во 2009 година стана прв човек во Jeep за во 2015 година да го преземе управувањето со Ram.

Според Automotive News Europe, со итниот состанок на одборот на групацијата FCA, одржан во Торино, претседавал Џон Елкан, претседател на групата, како и мнозински акционер во компаниите Ferrari, FCA и CNH Industrial (компанија ангажирани во производство на опрема за градежната индустрија), а сега и прв човек на Ferrari.

Маркионе, кој има 66 години, поминал низ хируршка процедура односно операција на десното рамо на 5 јули, се зборовите на портпаролот на FCA групата, додавајќи дека му е потребен краток период за опоравување по интервенција. Маркионе во јавност не се појавил уште од 26 јуни, кога примерок од Jeep Wrangler бил предаден на римската полиција.

Маркионе во 2004 година стана прв човек на Fiat. Тој го водеше спојувањето со Chrysler Group, една деценија подоцна. Неговиот наследник на позицијата шеф на групата FCA, првично беше планиран да биде назначен во април 2019 година, по усвојувањето на финансиските извештаи на Групацијата за 2018 година. На состанокот одржан на 1-ви јуни во Балок, Маркионе изјави: „Мојот наследник е сега со нас во оваа соба“.

Мајк Менли бил поддржан пред двајца други „ветерани“ на групата FCA: финансискиот директор Ричард Палмер и Алфредо Алтавила, првиот човек на FCA за Европа, Средниот Исток и Африка.

Под палката на Мајк Менли, глобалните продажни резултати на Jeep се зголемиле за четири пати, а брендот за прв пат успеа на пазарот во САД да продаде повеќе од еден милион возила годишно.

Менли бил задолжен и за контрола на проширувањето на брендот Jeep во Кина, како и во Азиско-пацифичкиот регион. Овој регион стана третиот најголем производител на брендови, веднаш по Северна Америка и Европа во периодот од 2011 до 2017 година.

Менли има голем придонес и бил иницијатор на блиските односи на групата FCA со кинескиот Guangzhou Automobile Group Co. Како резултат на тоа, заедничкото вложување со кинескиот производител е многу успешно, а степенот на локализација на производството, продажбата и дистрибуцијата има голем напредок на тој пазар.

Од октомври 2015 година, Менли добива одговорност и управување со брендот RAM.

Инаку, Мајк Менли има титула, Master of Business Administration, стекната на колеџот Ashridge Management College.