Според новиот договор Хамилтон ќе заработува 40 милиони фунти годишно, сума со која останува најплатен британски спортист, но и еден од најплатените возачи во Formula 1

„Јас сум целосно убеден дека Mercedes е вистинското место каде што треба да се биде во наредниот период. Иако имавме многу успеси откако пристигнав во 2013 година, Mercedes е повеќе од кога и да е гладен за успех“.

Доколку не дојдеше до потпишување на овој договор, Хамилтон на крајот од сезоната ќе беше слободен возач и ќе можеше да избере нов тим со кој ќе потпише договор. Засега, соработката со Mercedes, се чини е единствениот логичен избор за Британецот. Првата причина е што покрај Mercedes, само Ferrari, Red Bull и McLaren имаат доволно пари да си дозволат возач каков што е Хамилтон, а втората се разбира, е таа дека Mercedes се уште е на врвот на Formula 1, иако Ferrari постојано е тука некаде позади. Покрај Хамилтон, најплатените возачи во Formula 1 во моментов се Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел.

Хамилтон вели дека ова потпишување било само формалност, бидејќи тој и Тото Волф се согласиле тој да остане во тимот уште за време на зимската пауза.

„Сосема е разбирливо колку интерес и шпекулации имаше во врска со целиот процес, па затоа е добро да се смират работите и да се објави исходот“, вели Тото Волф и додава: „Последниот документ е потпишан оваа недела и ние не сакаме луѓето се уште да чекаат вести за останувањето на Луис. Нема нешто многу што не се знае во врска со Луис во контекст на возач на Formula 1, тој е еден од најголемите на сите времиња за што говорат рекордите на патеката“.

Ова потпишување стави точка на приказната за тоа кој ќе вози за Mercedes следната година. Ferrari треба само да ja официјализира изјавата во врска со преоѓањето на Леклерк во нивните редови, па и нивниот тим ќе биде комплетиран. Сето ова веројатно значи дека нема ништо од заминувањето на Рикардо од Red Bull. Австралиецот, најверојатно, ќе потпише нов договор со тековниот тим за кратко време. Постојат гласини дека Рикардо води преговори со McLaren, но…