Компанијата Audi официјално ja претстави ажурираната верзија на моделот ТТ, а интересно е „шминкањето“ е направено на дваесеттиот роденден на еден од најпопуларните модели на производителот од Инголштат

Освежениот ТТ модел за 2019 година, добил „свеж“ дизајн, така што на предниот крај на возилото сега доминира три-димензионалната Singleframe маска на ладилникот, а тука се и новите поголеми странични отвори за воздух. Задниот дел од автомобилот добил нов браник кој ги истакнува хоризонталните линии на овој модел.

Audi го редизајнирал и пакетот S Line. Пакетот сега вклучува преден сплитер кој се протега по целата широчина на автомобилот, титаниум црна маска, специфични прагови и рестилизиран заден браник со поширок дифузер и пар вертикални отвори за воздух. Фаровите може да бидат со LED или Matrix LED технологија.

Audi TT сега ќе биде достапен во три нови надворешни бои: Cosmos Blue, Pulse Orange и (само за моделите S Line) Turbo Blue. Фелните може да бидат со големина од 18, 19 или 20.

Сè уште не е познато дали се направени промени кога станува збор за агрегатите, освен фактот дека сега има нов филтер за честички кај бензинците. Дизел варијантата, најверојатно, ќе престане да се произведува поради слабата продажба. Новиот Audi TT ќе се продава стандардно со 6-брзински мануелен менувач, а опционално ќе биде достапен и 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Внатрешноста ќе остане целосно иста.

Инструмент таблата е дигитална и има големина од 12,3 инчи со два мода: Classic на кој се појавуваат брзинометар и тахометар и инфозабавен мод, на кој се покажуваат инфо-забавни содржини, како и навигацијата.

[useyourdrive dir=”1GpweS5N-7nN4K-KfzxECo3hT3nhiEAfc” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Освежениот Audi TT во салоните во Германија и Европа пристигнува оваа есен, а ќе се продава по цена од 35.000 евра за купе и 37.500 евра за варијантата Roadster.