Новитети: Renault Clio R.S. 18 инспириран од Formulа 1 / ФОТО
Renault прослави 40 години присуство во Formulа 1 минатата година, а сега во тој дух подготвил и моќен хечбек со пет врати
Имено, клиентите на Renaultsport одделението наскоро ќе можат да нарачаат специјално издание на моделот Clio RS, за сите пазари, со исклучок на Јапонците.
Овој автомобил е именуван по новиот болид на Renault Sport, R.S. 18 F1. Да нема забуни, станува збор за визуелен пакет дизајниран за моделот Clio RS. Модел Clio R.S. 18 се одликува со црна боја со жолти линии, боја карактеристична за Renault. Renault се одлучил и за сиви налепници, како и црното Renault лого за да го направи автомобилот поагресивен.
Во салонот на овој модел има неколку нови детали, како што се нумерирани праг плочки, кои јасно укажуваат на тоа дека станува збор за ограничено издание, волан прекриен со Alkantra и кожат. Внатрешноста е украсена и со имитација на јаглеродни влакна, а на патосниците се наоѓа натписот Renaultsport.
Специјалнаѕа верзија на Clio всушност е базирана на Clio RS 220 EDC Trophy, а под него хаубата е истиот 4-цилиндерски бензински мотор од 1,6 литри волумен, кој произведува 217 коњски сили и 280 Nm вртежен момент.
[useyourdrive dir=”19iPOwyScdukd6z6kFr3Ipp1R9JTaJVxt” maxheight=”360px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Истата единица, за специјалното издание на Clio добила и хидраулични кочници, прецизно управување и Akrapovic издувен систем.