Германскиот гигант Mercedes го претстави својот нов мултимедијален систем MBUX, кој ќе дебитира со новата А класа, која доаѓа оваа година

Актуелниот систем Comand на Mercedes е често критикуван поради комплицираност и недостаток на модерни системи за поврзување, па токму затоа експертите од Штутгарт и се решиле на одговор.

На саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас оваа недела, Mercedes го претстави системот MBUX (Mercedes-Benz User Experience) кој би требало Mercedes-Benz да го лансира во иднината.

За разлика од Comand, кој се контролира со ротационен контролер, MBUX целосно да концентрира на екранот осетлив на допир со асистенција на копчиња чувствителни на допир на воланот, но и со гласовни команди.

Системот базиран на Линукс, поседува и вештачка интелигенција која „ги учи“ навиките на возачот, што го олеснува користењето на системот.

MBUX системот се состои од два екрани, еден пред возачот, а другиот во средината на инструмент таблата, со опција да биде и 10-инчен но со доплата.

[useyourdrive dir=”1sKuuPZqJM4BG4yp6h7FgIaTHXKIOtqNr” maxheight=”360px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Според првите тестови, системот функционира совршено, лесно се маневрира со информациите за возилото, навигацијата базирана на HERE мапите, забава, комуникација помеѓу функциите …

На двата екрани ќе биде можно апсолутно прилагодување на функциите, а на екранот пред возачот информации за возилото ќе бидат видливи дури и при вклучена навигација преку целиот екран

Инженерите тврдат дека новата А-класа со овој систем ќе биде најсофистицирана во целата гама на Mercedes, понапредна дури и од сегашната S-класа.

Системот располага со 8 GB RAM меморија, nVidia графика, USB Type C, NFC, а на купувачите ќе им бидат достапни и надоградби како head-up дисплеј.

По А-класата, која ќе дебитира на саемот за автомобили во Женева во месец март, а во продажба на крајот од годината, MBUX системот ќе го добијат и други нови модели, како GLA, CLA, GLB и B-класата.