Снежното невреме кое го зафати САД носи и фантастична реклама за Tesla, поточно нејзиниот Model X

Иако снегот и мразот се последна причина поради која некој би купил автомобил од Tesla, случај од пред неколку дена во Северна Каролина вели поинаку.

Поради замрзнатиот пат, камион на Volvo останал закопан во место, иако и при вакви услови не треба да има било какви проблеми.

Во целата ситуација на помош пристигнува ни помалку ни повеќе токму Tesla Model X, која и покрај електричниот мотор, има доволно импулс (вртежен момент) за повлекување на многу пати потешкиот камион со погон 4×4.