Dacia пред Tesla! Романски автомобил прогласен за најдобар
Најбараниот електричен автомобил од еколошка гледна точка е Dacia Spring.
Ласкавата титула за Dacia е доделена од страна на GreenNCAP, кој спроведува тестови насочени кон оценка на еколошката ефикасност на денешните автомобили. Овие тестови го позиционираат малиот Spring пред многу поскапи модели како што се Tesla Model 3 и Cupra Born. Дека Dacia беше еден од главните кандидати за титулата како овогодишен победник беше јасно веќе летово кога освои максимални оценки во три од четири теста.
Придвижуван од мал електричен мотор од 45 КС, Spring не е многу брз, но затоа е исклучително практичен во урбани услови. Потрошувачката на енергија била помала од максималниот праг на поени на GreenNCAP, со значително поголема потрошувачка на автопатот. Во исто време, 89% од енергијата извлечена од електричната мрежа може да се користи на излезот од батеријата.
Очекувано, во делот индекс на издувни гасови, Spring добиl највисоки оценки благодарение на својот економичен електричен погон. Конечниот резултат е пет ѕвезди и индекс од 9,9, така што моделот на Dacia им дава пример на другите, заклучува GreenNCAP.
Тестираниот Spring имал гуми 165/70R14 со носивост и индекс на брзина од 81H. Декларираниот капацитет на батеријата е 26,8 kWh, а декларираниот домет на Spring е вкупно 230 km, односно 314 km во градско возење. Неговата декларирана потрошувачка е 13,9 kWh/100 km, а тежината на возилото е 970 kg. Но, на температура од 23⁰C на автопат постигнува домет од 140 km.