Чарлс Леклер доминантно до нова победа на теренот на Red Bull / ФОТО+ВИДЕО
Возачот на Ferrari, Шарл Леклер, триумфираше на трката за ГН на Австрија, 11-та трка од овогодинешниот шампионат во Formula 1
Младиот возач од Монте Карло на Red Bull Ring ја оствари третата сезонска, прва по третата сезонска трка во коло во Австралија, а петта во кариерата. Интересно е што ова е прв триумф за Леклер без да стартува од пол-позицијата. Воедно ова е првата победа за Ferrari во Спилберг од 2003 година.
Леклер ја мина целта две секунди пред Макс Верстапен, а последното место на подиумот го обезбеди Луис Хамилтон во Mercedes.
Сосема заслужено и во вистинско време за поголема неизвеснот во сезоната, Леклер на домашен терен за тимот на Red Bull го прекина постот кој траеше од 10 април. Леклер во директен дуел дури три пати успеа да го надмудри бранителот на титулата – прв пат пред првото заминување во боксот, а потоа и по првото и по второто менување гуми. Неговата победа практично во ниеден момент не беше доведена во прашање, иако имаше големи проблеми со педалата за гас во самиот финиш, но холандскиот возач не успеа доволно да се доближи.
A hat-trick of overtakes for Charles Leclerc ?#AustrianGP #F1 pic.twitter.com/coLQbKutuP
— Formula 1 (@F1) July 10, 2022
Од друга страна Верстапен имаше големи проблеми да го задржи и второто место, бидејќи откако Леклер го престигна по трет пат, новата закана за Холанѓанецот беше вториот возач на Ferrari, Карлос Саинц Jуниор во Ferrari. Меѓутоа, токму кога Шпанецот се приближи доволно за да се обиде да нападне, моторот на неговиот болид откажа и во еден момент се запали, додека Саинц сеуште беше во болидот покрај патеката. За среќа, Саинц излезе неповреден од инцидентот, додека на патеката настапи период на виртуелен безбедносен автомобил, кој водечкиот двоец го искористи за да добие нови гуми, но немаше промени до крајот на трката.
A tough break for Carlos Sainz #AustrianGP #F1 pic.twitter.com/cEV04FoRzY
— Formula 1 (@F1) July 10, 2022
На крајот, Хамилтон беше најдобар од останатите, откако се проби низ поредокот по проблемите на стартот, кога беше заглавен зад Мик Шумахер во болидот на Haas. Седумкратниот светски шампион така стигна до трет подиум по ред, иако по малку и среќно поради повлекувањето на Саинц, но и поради тоа што неговиот тимски колега Џорџ Расел беше казнет поради контактот со Серхио Перез уште на стартот од трката. Расел беше четврти, но по отслужувањето на казната падна во поредокот, додека трката за Мексиканецот заврши многу брзо, иако по излетувањето успеа да дојде до боксот.
It takes two to tangle ?
Perez and Russell collide at Turn 4 on the opening lap #AustrianGP #F1 pic.twitter.com/47p4I8W5ZX
— Formula 1 (@F1) July 10, 2022
На крајот Џорџ Расел во вториот Mercedes сепак успеа да заврши како четврти, а Естебан Окон со болидот на Alpine стигна до одличната петта позиција. Нови бодови за шестопласираниот Мик Шумахер во Haas кој извозе одлична трка оставајќи го зад себе Ландо Норис во McLaren кој ја освои седмата позиција. Бодовната листа ја заокружија Кевин Магнусен во вториот Haas, Даниел Рикиардо во McLaren и Фернандо Алонсо во Alpine.
Разликата меѓу првопласираниот Верстапен и Леклер во генералниот пласман сега е само 38 бода.
Шампионатотво Formula 1 продолжува за две недели со трката за ГН на Франција на 24 јули.
2022 Austrian Grand Prix: Резултати
2022 Austrian Grand Prix: Race Highlights
2022 Austrian Grand Prix: Sprint Highlights
2022 Austrian Grand Prix: Изјави по трката
Шарл Леклер извозе доминантна трка, а техничките проблеми во финишот овојпат не го чинеа победа.
„Трката беше одлична. Имавме многу добро темпо и имавме добри дуели со Макс. На крајот беше исклучително тешко поради проблемот што го имав со заглавувањето на гасот на 20 или 30% кога педалата беше целосно пуштена. Тоа ми создаваше проблеми во бавните свиоци, но успеавме да ја завршиме трката и јас сум пресреќен. Моите проблеми завршија во исто време кога Карлос се откажа. Сепак, знаев дека во мојот случај нема проблем со моторот, но за среќа не ја плативме цената. Имав пет навистина тешки трки пред оваа. Сега конечно имавме шанса да покажеме дека имаме темпо со болидот. Тоа е одлично и мораме да продолжиме да притискаме“.
Светскиот шампион немаше одговор за темпото на Ferrari.
„Тежок ден. Се чини дека се мачевме многу на сите компоненти и имаше премногу деградација на гумите за да се бориме со Чарлс. Сепак, второто место не е лошо ако се земат предвид сите работи. Убаво е што гледам толку многу мои обожаватели во Австрија. Жал ми е што не можев да им дадам победа, но и ова е пристоен резултат. Цела сезона се бориме со Чарлс и така ќе остане до крајот. Уживаме во борбата што ја водиме“.
Хамилтон го забележа својот втор подиум по ред.
„Дефинитивно не го очекував ова, вчера беше напорен ден и имав навистина тежок викенд. „Благодарам на сите и на оваа неверојатна публика. Најпрво, сакам да им се заблагодарам на сите момци и девојки во гаражата кои напорно работеа за повторно да имаме конкурентен болид. Имав сосема нов болид во саботата наутро, но ова ми се случува понекогаш. Тимски гледано, третата и четвртата позиција се добар чекор напред. Направивме одредени подобрувања и затоа треба да продолжиме во овој ритам“.