Кога работите ќе тргнат наопаку: силен дожд претворил еден куп ретки Ferrari возила во базени на тркала / ВИДЕО
Сопствениците ги паркирале своите автомобили покрај патеката за групна фотографија кога времето изненадувачки бргу се променило
Моделите на Ferrari, Monza SP1 и SP2 Limited, се меѓу најпосакуваните и најубавите егзотични автомобили во светот, но имаат еден „мал проблем“. Имено, овие автомобили немаат покрив. Тие не се кабриолет верзии затоа што едноставно немаат покрив. Какви проблеми тоа може да предизвика во пракса покажал собирот на сопствениците на овие автомобили во Италија.
Собирот бил во организација на Ferrari, а на него учествувале 80 автомобили. По пријатно возење по локалните патишта, вечера во врвен ресторан и ноќевање во хотел со пет ѕвезди, програмата требало да заврши на тркачката патека Фиорано на Ferrari. Сопствениците ги паркирале своите автомобили покрај патеката за групна фотографија кога времето изненадувачки бргу се променило.
Почнал да паѓа силен дожд кој ја натопил внатрешноста на десетици скапи Ferrari автомобили. На видеото јасно се гледа растрчаноста на вработени на патеката околу автомобилите, но не знаеле како да го решат проблемот. Не е познато колку автомобили се оштетени, но сигурно е дека не сите успеале да поминат недопрени. Иако Monza има делови од внатрешноста кои се водоотпорни, автомобилот не е наменет да биде изложен на таков дожд.
Моделите Monza SP1 и SP2 беа претставени во 2018 година, а дизајнот инспирацијата ја наоѓа во тркачките автомобили од педесеттите години. И двата модели немаат покрив, а разликата меѓу нив е бројот на седишта. Моторот е V12 со дури 810 КС. Новата Monza чинеше 1,58 милиони евра без данок, а сега нивната вредност е околу два милиони. Значи, јасно е дека ненадејниот дожд очигледно направил голема штета.