Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 01.07.2022 година

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 108,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува исто така 103,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 110,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 102,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,422 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,727 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,860% или за 11,500 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 1,390% или за 17,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,407 % или за 17,450 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,959% или за 6,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,6892 ден/$ и е за околу 0,201 % повисок од курсот на доларот (58,5713 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.