Леклер продолжува да доминира: Четврта пол-позиција во шестите квалификации / ВИДЕО
Продолжува доминацијата на Ferrari во квалификациите
Квалификациите за Големата награда на Шпанија не донесоа многу изненадувања – Шарл Леклер по четврти пат оваа сезона беше најдобар и ќе стартува од првата позиција на неделната трка во Барселона за ГН на Шпанија .
Леклерк ги заврши квалификациите со време 1:18.750, оставајќи ги зад себе Макс Ферстапен и Карлос Саинц.
Иако се чинеше дека Mercedes со ажурирањата на болидот за трката во Шпанија ќе се консолидира, а со тоа ќе дојде и до подобар резултат, до тоа барем според квалификациските резултати не дојде. Џорџ Расел заврши четврти, а Луис Хамилтон шести во квалификациите. Тимските колеги ги раздели Серхио Перез во Red Bull.
Најдобар од „остатокот од светот“ беше Валтери Ботас на седмото место. Тимот на Haas, кој беше единствениот во Барселона без надградби на болидот, може да биде многу задоволен од резултатот. Кевин Магнусен заврши на осмото место, а Мик Шумахер на десеттото место. Меѓу нив на деветтото место заврши Даниел Рикиардо во McLaren.
Неделната трка во Барселона започнува во 15 часот.