Audi го купи McLaren? Така барем велат Британците
Британскиот магазин Autocar известува за сензационална трансакција со која Audi ја презема целосната контрола врз групацијата McLaren. Ова се однесува и на патничките суперавтомобили и на тркачките проекти на чело со Formula 1
Audi го купил McLaren според договор кој на германскиот производител на автомобили му дава целосна контрола над британската групација и му дава влез во светот на Formula 1, пишува британски Autocar, повикувајќи се на внатрешни извори.
Информацијата се уште не е официјално потврдена од ниту една страна. Сепак, се чини дека сојузот е одлична можност и за двата потписника. McLaren, кој со години работи под силен финансиски притисок, ќе добие солидна база. Audi, од друга страна, посилно ќе влезе во светот на мотоспортот, што секако ќе се претвори во перцепција на брендот и ќе обезбеди нови можности за маркетинг.
Audi ќе го зајакне своето влијание и во сегментот на суперавтомобили со додавање на уште една марка во своето портфолио по Lamborghini. Според наводниот договор, моторите од Инголштад би можеле да ги напојуваат идните модели на McLaren. Производителот ќе добие и пристап до одделот McLaren Applied, кој е специјализиран за системи за електрификација за патни и шински возила.
Можно е дека неодамнешните промени во групацијата Volkswagen придонеле за одлуката. Секако, станува збор за комбинацијата Bugatti-Rimac. Засега, сепак, никој официјално не ја потврдил оваа вест. Сепак, доколку се покаже како точна, VW Group ќе добие пристап до Formula 1. Овде вреди да се спомене дека Волфсбург беше една од страните во дискусиите за спецификациите за новиот погонски F1 агрегат кој ќе биде претставен кон средината на деценијата.
По пишувањата на Autocar, стигна реакција од McLaren кој остро ги демантираше овие шпекулации. Во официјалното соопштение, меѓу другото, се вели дека целата вест е „целосно неточна” и дека „технолошката стратегија на Mclaren секогаш вклучувала разговори и соработка со релевантни партнери и добавувачи, вклучително и други производители на автомобили. Но, нема промени во сопственичката структура на групата McLaren“.
Од Audi сè уште нема коментари, иако Reuters објави дека Audi е „отворен за соработка“.
Иднината на германските брендови и McLaren изгледа многу интересна. Повеќе детали за наводната купопродажба или целосен демант веројатно ќе следуваат многу брзо.