Флојд Мејведер „искеширал“ милион долари во еден ден за автомобили за себе и пријателите
Флојд Мејведер, бокс промотор и поранешен професионален боксер, е личноста која сигурно ќе посакате да ја имате за пријател
Тој неодамна потрошил скоро милион американски долари во еден ден за автомобили, како за себе, така и за неговите пријатели.
Сметката на Мејведер му ја издал Tobwin Auto Group од Лас Вегас, откако од овој продавач купил цела флота на автомобили. Групата е во сопственост на Chop, кој е познат по реалното шоу King of Cars. Флотата вклучува три 2021 Dodge Challenger, два 2021 Dodge Charger, Dodge Journey, 2021 Mercedes-Maybach, 2021 Mercedes S560 и два Rolls-Royce автомобила за себе, од кои едниот е моделот Ghost.
Ќе се сложите дека со една ваква флота може да се сними цел еден филм од франшизата Fast & Furious. Интересно е тоа што оваа флота претставува само мал дел од целокупната автомобилска флота на Мејведер купени од групацијата Tobwin Auto Group. Имено, Chop изјавил дека Мејведер е чест клиент и дека со текот на годините од Chop купил 157 возила, вклучувајќи 29 Rolls-Royce единици.
Ако сте „загрижени“ за разумноста на финансискиот планер на Мејведер, веројатно не мора да бидете. Пред неколку дена Мејведер се бореше со јутјуберот Логан Пол (егзибициски меч во кој немаше победник), по што и двајцата добија по загарантирани 10 милиони долари. Но тоа не се единствените средства од тој меч, затоа што тука се и приходите од плаќање по преглед (pay-per-view), од кои му на Мејведер му беа загарантирани 50 проценти, што на крајот доведува од некоја цифра од над 100 милиони долари.
Се на се, автомобилите за Мејведер се само, ако се земат во предвид цифрите, „ситниш“ во џебот.