Ангела Меркел е лута на германските производители на автомобили
Глобалниот недостиг на чипови речиси доведе до блокада на автомобилската индустрија и индустријата на потрошувачка електроника
Европската унија воопшто нема погони за производство на чипови, а има и голем дефицит во производството на батерии за електрични автомобили. Европските производители на автомобили зависат од кинеските, тајванските и корејските фабрики за чипови, така што тие немаат никакво влијание врз сегашниот глобален недостаток на чипови. Ова ја налутило Ангела Меркел, германската канцеларка, која во изјава за медиумите ги нападна не само тамошните производители на автомобили, туку и сите други во ЕУ.
„Јас сум многу вознемирена од фактот дека голем блок на земји како ЕУ не е во можност да произведува чипови. Многу е лошо ако сте автомобилска нација, ако производството на автомобили е еден од столбовите на економијата, а не можете да произведете клучна компонента и вие сте целосно зависни од другите“, вели Ангела Меркел.