Општо е познато дека некои половни автомобили држат цена подобро од другите, а еве ги оние кои за неколку години успешно ќе котираат на пазарот на половни автомобили и најдобро ќе ја задржат својата вредност (а не е Golf)!

Германскиот институт за истражување на пазарот Bahr & Fess Forecasts и Focus Online спровеle анализа за загуба на вредноста во период од четири години. Имено, направиле проценка кои нови автомобили денес најдобро ќе ја задржат цената и по неколку годишно користење.

Меѓу претставниците на А-сегментот, Opel Karl 1.0 е најдобро рангиран, бидејќи за четири години ќе задржи 53,3 проценти од цената. Во Б-сегментот, најпрофитабилна е набавката на Mini One (55,5%), во C-сегментот Mini Clubman 1,5 (55,5%), во сегментот D – Audi A5 2.0 TFSI Sportback (55%), во горната средна класа Mercedes-Benz E 200 T (51,5%) и во високата Porsche Panamera 4 E-Hybrid (50%).