Со свечена церемонија за доделување на наградите, на мал настан организиран од страна на жирито на Златно тркало и се пренесуваше во живо на социјалните мрежи, новите ŠKODA OCTAVIA и OCTAVIA COMBI ја примија главната награда за најпосакуван звтомобил на годината и најпосакуван семеен свтомобил

Овие награди претставуваат вистинско признание од јавноста за новата, 4-та генерација на OCTAVIA.

Со освојувањето на најголем дел од гласовите на јавноста, наградата Златно тркало во категоријата најпосакуван семеен автомобил беше примена од страна на бренд-менаџерот на ŠKODA – г. Миле Станчев, кој истакна дека ова признание целосно го потврдува големиот интерес за новиот модел и нагласи дека сите карактеристики, технологија и практичните елементи ја ставаат новата OCTAVIA на врвот над своите конкуренти.

Главната награда за најпосакуван автомобил на годината, исто така ја освои новата OCTAVIA со повеќе од 54% од вкупните гласови од јавноста. Генералниот директор на Порше Македонија, г. Златко Муцунски, ја прими наградата на вчерашната церемонија и јасно нагласи дека новата насока во која се движи ŠKODA го отвора патот за силен имиџ на брендот и препознавање од страна на јавноста на перцепцијата за квалитет, практичност, економичност и врвна технологија која ја нуди оваа нова генерација на OCTAVIA.

Жирито на Златно тркало е составено од најголемите и најреномираните автомобилски новинари во државата: Авто Плус, Car Club, Cars by Vik и RPM.

(ПР-текст)