Асот на Јувентус ја збогати својата автомобилска колекција со суперавтомобилот Monza SP1

Неодмнешната посета на Кристијано Роналдо во фабриката на Ferrari се покажа дека била нешто повеќе од протокол: италијанските медиуми подоцна открија дека фудбалскиот ас купил еден од најнедостапните модели на марката – Monza SP1, скоро идентичен модел како оној на ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Нема детали за тоа колку точно платил Кристијано за неговиот автомобил, но почетната цена за моделот е 1.600.000 евра. Monza SP1 е изработен во ограничена серија од 499 автомобили и може да се купи само со специјална покана од Ferrari. Фудбалерот ќе го добие својот автомобил по неколку месеци.

Роналдо ја посети базата во Маранело во друштво на шефот на Ferrari, Џон Елкан и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели. Роналдо воедно остварил средба и со возачите на F1 тимот на Ferrari, Карлос Саинц и Чарлс Леклер.

  Monza SP1 е создаден во чест на неколку митски модели на Ferrari веднаш по Втората светска војна, како што се 166 MM од 1948 година, 750 Monza и 860 Monza.