Во моментов е невозможно да се предвиди кога Tesla ќе започне со производство на европско тло

Во моментов е невозможно да се предвиди кога Tesla ќе започне со производство на европско тло, а вината за ова ја сноси германската бирократија, барем така изјави Илон Маск за време на неговата последна посета на Стариот континент. Американската компанија требаше да ја отвори својата нова Гигафабрика во Грунхајд близу Берлин на 1 јули, но и самиот Маск потврди дека тоа е одложено.

„Тешко е да се каже точно кога ќе ја отвориме фабриката. За да произведуваме автомобили, сите делови од сложувалката треба да бидат на место”, објаснува Маск, додавајќи дека „би можело да има помала бирократија”. Сепак, шефот на Tesla навести дека постои можност производството да започне до крајот на оваа година.

Изградбата на фабриката беше блокирана неколку пати од различни причини: еколошки барања, пропусти во документацијата на Американците и интересно секако, затоа што заборавиле да ги платат сметките за вода.

Во меѓувреме, се дозна дека една од најпознатите „ајкули“ од Вол Стрит се обложила на повеќе од половина милијарда долари дека акциите на Tesla ќе пропаднат. Станува збор за Мајкл Бури, познат на пошироката јавност како лик од филмот Big Short, добитник на Оскар, и од истоимената книга. Бури стана познат по обложувањето во една милијарда долари дека американскиот пазар на хипотеки ќе пропадне – што и се случи во 2007-2008 година.

Неговиот фонд Scion сега има стекнато опции на право на 800.000 акции на Tesla, во моментов проценети на 534 милиони долари. Шемата на Бури ќе му донесе профит доколку цената на акциите падне под сегашното ниво од 667 долари во следните месеци.

 Мајкл Бури очекува дека наскоро главниот извор на профит на Tesla – продажбата на зелени заеми ќе секне

Според Бури, главниот извор на профит за компанијата на Маск се таканаречените „зелени заеми“ за нула емисии на Fiat-Chrysler. Групата Fiat-Chrysler сега е дел од Stellantis заедно со PSA Peugeot-Citroen. Шефот на Stellantis, Карлос Таварес објави дека очекува групата да ги покрива европските економии без да мора да купува зелени кредити од Tesla.