Genesis го најавува својот прв караван
Корејскиот бренд сака успех на европско тло и заради тоа ќе го лансира својот прв караван
Станува збор за попрактично издание на моделот G70, кој ќе биде меѓу првите автомобили на Genesis кои пристигнуваат на Стариот континент. Очигледно е дека Корејците веруваат дека за ваквите автомобили има сериозна побарувачка во премиум сегментот и дека внимателно изанализирале со што да настапат во Европа.
Од приложената фотографија може да се види дека крајот на новитетот е направен во стилот на Shooting Brake каросерија, а тоа значи, малку поизразена закосена линија на покривот и заден прозорец поставен под поостар агол во споредба со она што се очекува од стандарден караван.
Преставувањето на овој караван се очекува во наредните месеци, веројатно за време на официјалната прес-конференција по повод почетокот на продажбата во Европа. Се верува дека тоа ќе биде во текот на летото, кога потрошувачите првично треба да се запознаат со овој бренд во продажните салони.
Првите модели на Genesis кои пристигнаа во Европа се G80 и GV80. Станува збор за традиционален седан и кросовер кои првично ќе се нудат во само три земји – Германија, Швајцарија и Велика Британија. По нив доаѓаат и G70 и GV70, исто така еден седан и SUV модел, како и споменатото караванско издание на G70.
Во плановите на Genesis е понуда и на неколку електрични возила. Како прво, EV варијанта на моделот G80, а потоа уште два модела. Со оглед на она што ќе се нуди, јасно е дека јужнокорејскиот бренд има големи амбиции во овој дел од светот.