Според оваа студија, годишните емисии на штетни гасови ослободени во Кина ја надминале количината на испарувања предизвикани во сите други развиени земји заедно, што се случува за првпат во историјата на човештвото

Во текот на 2019 година придонесот на најнаселената земја во светот во глобалното загадување на воздухот е 27% кога станува збор за јаглерод диоксид, објави американската организација Rhodium Group.

На оваа ранг-листа, Соединетите држави го заземаат второто место со скоро 11%, додека исто така пренаселената Индија е на третото место со придонес во вкупното загадување на планетата од 6,6%.

Според наодите од студијата, штетните емисии предизвикани од активности во Кина надминале 14 гигатони јаглерод диоксид, првпат во 2019 година. Ова практично значи дека тие се тројно зголемени во споредба со 1990 година. Само во текот на последната деценија, тие пораснале за 25%.

Емисијата на штетни гасови во Кина, измерена по глава на население (еден на 1,4 милијарди), достигна бројка од 10,1 тон. Ова е нешто под просекот на ниво на земјите од блокот OECD, каде што изнесува 10,5 тони, но исто така е драстично понизок од податоците за Америка, каде емисиите по глава на население се на ниво од 17,6 тони, поради што Американците стануваат главните протагонисти на несаканиот ефект на стаклена градина.

Многу е веројатно дека во 2020 година имало понатамошно зголемување на количината на штетни емисии од Кина, пред се затоа што испарувањето на штетни гасови што доведуваат до климатски промени се зголемило за околу 1,7%, додека другите земји изгубиле чекор, поради пандемијата на коронавирус, произлегува од заклучоците на студијата. Причините се наоѓаат во силниот раст и огромниот удел на јагленот во енергетскиот микс на најнаселената азиска, па дури и светска земја.