Formula 1: Макс Верстапен најдобар во хаосот на Имола! / ФОТО+ВИДЕО
Трката ја одбележа прекинот во 34-от круг поради тешкиот судир помеѓу Џорџ Расел и Валтери Ботас
Победник на хаотичната и возбудлива трка во Имола за Големата награда на Емилија Ромања е Макс Верстапен од Red Bull пред возачот на Mercedes и седумкратниот шампион Луис Хамилтон на второто место и фантастичниот Лaндо Норис во McLaren на третото место.
Четврти и петти беа двата возачи на Ferrari Чарлс Леклерк и Карлос Саинц. Трката ја одбележа прекинот во 34-от круг поради тешкиот судир помеѓу Џорџ Расел и Валтери Ботас.
Возбудата започна 40-тина минути пред почетокот на трката кога започна да врне. Дождот го изненади дури и Фернандо Алонсо, кој на патот до гридот излета од патеката, но успеа да се врати во гаражата и да се направат потребните поправки.
Пред стартот, дождот престана но патеката не беше подеднакво влажна во сите делови. Сите тргнаа на интермедија освен Гасли, Окон, Мазепин и Шумахер кои трката решија да ја стартуваат со гуми за влажна подлога. Фетел стартуваше од боксот поради ненаврмени корекции на болидот од страна на механичарите на Aston Martin.
Драма веќе во загревачкиот круг. Леклерк се изврте, но успеа да се врати на вистинскиот пат и да ја започне трката од освоената позиција на квалификациите.
Стартот помина подеднакво хаотично. Верстапен започна одлично и го презеде водството, а Луис во контакт со Макс претрпе мало оштетување на предното крило.
We didn't have to wait long to see @LewisHamilton and @Max33Verstappen go wheel-to-wheel this weekend ??#ImolaGP ?? #F1 pic.twitter.com/8LYds9nVgv
— Formula 1 (@F1) April 18, 2021
Латифи се изврте во Aqua Minerale, а Леклерк се проби на третото место. Набргу потоа, Латифи по контактот со Мазепин излета на правецот пред Variante Alta и удри во заштитниот ѕид, по што на патеката излезе безбедносното возило.
Пласманот во моментот на излегување на безбедносното возило беше Верстапен, Хамилтон, Леклерк, Перез, Рикиардо, Гасли, Строл, Саинц, Норис, Ботас.
Во 4 круг, додека безбедносното возило сè уште беше на патеката, на стартно-целната рамнина се изврте Шумахер, обидувајќи се да ги загрее гумите и го скрши предното крило. Сепак тој успеа да се врати во боксот и да го смени предното крило. Мали проблеми имаше и Перез, кој одеше широко по чакалот.
Безбедносното возило беше на патеката до крајот на шестиот круг, по што Верстапен го задржа водството пред Хамилтон, Леклерк и Перез. Леклерк дури и го нападна Луис, но не успеа и остана трет. Битка за позиција позади водеа Саинц и Гасли, а им се придружија Норис, Строл и Ботас. Норис со одличен потег ги престигна Саинц и Гасли пред Tamburella, по што тројцата водеа интензивна битка за шестото место.
За тоа време, Верстапен возеше најбрзи кругови и до 12-от круг создаде пет секунди предност пред Хамилтон. Редоследот во 13-от круг беше Верстапен, Хамилтон, Леклерк, Перез, Рикиардо, Норис, Саинц, Строл, Ботас, Гасли. Во истиот круг, судиите објавија дека го истражуваат враќањето на Перез на позицијата под безбедносното возило откако помина широко преку чакалот, а набрзо стигна и казна од десет секунди.
Во 14-от круг, Расел го престигна Гасли за десеттото место, по што Французинот изгуби неколку позиции и падна на 14-то место. Поради тоа, круг подоцна замина во боксот на промена на гумите.
За тоа време Верстапен и Хамилтон веќе беа далеку пред останатите. Тие наизменично вртеа брзи кругови и растојанието меѓу нив беше околу пет секунди, а првиот следен, Леклерк, заостануваше 15 секунди зад Луис. Околу 20-от круг Макс преку радио врската јави дека патеката е прилично сува и побара информација дали некој веќе е на гуми за сува подлога. Во McLaren, одлучија Рикиардо да го пропушти Норис бидејќи беше очигледно дека Британецот е побрз. Така, редоследот во 21-от круг беше Верстапен, Хамилтон, Леклерк, Перез, Норис, Рикиардо, Саинц, Строл, Ботас, Расел.
Круг подоцна Фетел влегува во боксот, и е првиот возач кој минува на гуми за сува подлога, односно средно тврди гуми. На патеката се врати на 16-то место. Веднаш потоа доби казна од десет секунди застанување во бокс за немање гуми на болидот на три минути пред почетокот на трката.
Неговиот пример го следеше Шумахер кој се префрли на меки гуми. До 26-от круг, Луис ја намали разликата зад Макс на 2,5 секунди, а причината беше гужвата создадена од возачите кои заостануваат веќе еден круг. Саинц му приоѓа на Рикиардо на помалку од една секунда, а пред Tamburella го минува во битката за шестото место.
Во 28-от круг Верстапен оди во бокс гуми за суви, преминувајќи на средно тврди гуми. Истото го прават и огромното мнозинство на возачи. Круг подоцна, Хамилтон и Леклер влегуваат во бокс, но редоследот на првите три останува ист. Единствената промена е Перез кој поради казната од десетк секунди паѓа во поредокот зад Норис.
Во 32-от круг големи проблеми за Луис Хамилтон – тој отиде широко во Tosi и за малку ќе заглавеше во чакалот! Сепак успеа да се извлече од чакалот со оштетување на предното крило.
The mistake? Rare from Hamilton ?
The recovery? Classy, determined, and skilful as ever ?#ImolaGP ?? #F1 pic.twitter.com/sIZcfpT528
— Formula 1 (@F1) April 18, 2021
Во ист момент доаѓа до тежок судир помеѓу Расел од Williams и Ботас од Mercedes, а поради многуте парчиња од тешко оштетените болиди на патеката, судиите на трката се одлучуваат за прекин на трката. Истрагата за инцидентот е оставена за после трката.
The incident that brought out red flags in Imola ?#ImolaGP ?? #F1 pic.twitter.com/Z18dCPXwOZ
— Formula 1 (@F1) April 18, 2021
Редоследот во 34-от круг по прекинот е Верстапен, Леклерк, Норис, Перез, Саинц, Рикиардо, Строл, Раиконен, Хамилтон, Цунода.
Трката продолжи во 16:25 часот, а пет минути пред тоа возачите со заостанување од еден круг први излегоа на патеката за да го надокнадат изгубениот круг пред продолжување на трката зад безбедносното возило. Новиот старт помина без никакви возбудувања и само Кими изгуби две позиции поради извртување. Верстапен имаше слична ситуација, но за среќа успеа да остане пред Леклерк кој пак ја губи позицијата од Норис. Во Ferrari очигледно имаа проблеми со загревањето на гумите. Макс веднаш започна да ја зголемува својата предност во однос на останатите возачи, а редоследот во 36-от круг беше Верстапен, Норис, Леклерк, Перез, Саинц, Рикиардо, Строл, Хамилтон, Раиконен, Џовинаци.
Во 38-от круг Перез се изврте и падна на 15-то место во поредокот. Круг подоцна Хамилтон го престигна Строл во борба за шестото место. Следен во низата за Луис беше Рикиардо кого го престигна во 42-от круг. Веднаш потоа Луис го вози најбрзиот круг на трката.
На Хамилтон им беше кажано дека може да го стигне Норис кој беше на меки гуми, но пред тоа требаше да се поминат болидите на Ferrari.
Во 47-от круг, Перез се обиде да го престигне Фетел за 12-то место, но тој мина далеку преку работ на патеката и Фетел успеа да се одбрани. За тоа време, Норис формираше „воз“, следен од Леклерк, Саинц и Хамилтон. Во 50-от круг Луис успева да го престигне Саинц за четвртото место, за брзо потоа да биде и во DRS зоната зад Леклерк.
Дури во 55-от круг Леклерк попушта и е минат од Хамилтон кој веднаш се пушта во „лов“ на Норис. Во 60-от круг и успеа, но тоа беше максимумот за Хамилтон на Имола.
До крајот на трката Норис успеа да се одбрани од двата возачи на Ferrari, а далеку пред сите до првата победа во сезоната дојде Макс Верстапен. Водството во шампионатот сепак го задржа Луис Хамилтон поради поенот за најбрз круг во трка.
Судски одлуки по завршување на трката
Без казни за Ботас и Расел по инцидентот со Имола
Судиите пресудија дека станува збор за тркачки инцидент.
Расел и Ботас меѓусебно се обвинија за инцидентот на крајот од главниот правец по кој и двајцата останаа надвор од трката. Наводно, Расел му се приближил на Ботас веднаш по инцидентот и го прашал дали се обидел да ги убие и двајцата, а Финецот го насочил средниот прст кон него од пилотската кабина.
Судиите по трката ги повикале на разговор, за на крајот да биде утврдено дека сепак станува збор само за тркачки инцидент.
Казна за Раиконен, последниот бод трката сепак за Алонсо
Финецот не ја врати својата позиција според пропозициите за време на црвеното знаме.
Кими Раиконен ја заврши трката за ГН на Емилија Ромања на 10-то место, но по истрагата по трката, тој беше казнет со додавање на време од 30 секунди. Имено, судиите го истражија однесувањето на Кими по црвеното знаме што беше истакнато по судирот помеѓу Ботас и Расел, кога во кругот пред рестартот Финецот се изврте во третиот свиок и заврши кратко во песокот, губејќи ја својата позиција. Според прописите, возачот може да ја врати изгубената позиција, но пред линијата со која се означува влегувањето на безбедносното возило, што тимот прво му препорача да го стори, за подоцна да му биде кажано да не го прави тоа.
Правилата предвидуваат доколку возачот не успее да ја врати својата позиција на време, тој мора да влезе во питлејнот и подоцна да се приклучи на трката, што Раиконен не го стори.
Од тие причини последниот бод му припаѓа на Фернандо Алонсо.