Иако во 2020 година скоро сите производители на автомобили забележаа пад во испораките, продажбата на електрични возила се зголеми

На глобално ниво се продадени вкупно 2.141.311 автомобили, а кои како погон користат само електромотори. Првите пет групи / компании на листата сочинуваат скоро 60% од вкупната продажба или 1.274.508 возила.

Најмногу електрични автомобили во 2020 година продала Tesla, 499.535 единици (удел од 23% на глобалниот пазар на електрични возила). Следува кинескиот концерн SAIC, кој минатата година на клиентите им испорачал вкупно 243.201 автомобили со електричен погон (11% удел).

Од третото до петото место се групацијата Фолксваген (227.394), Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi (172.673) и уште еден кинески производител, BYD (131.705).