Ова го покажуваат резултатите од истражување спроведено во 158 земји

И покрај очигледните негативни ефекти од ограничувањата заради коронавирусот, Toyota дефинитивно доминираше во текот на изминатата година. Откако ја загуби титулата од групацијата Volkswagen пред пет години, јапонскиот концерн минатата година повторно се врати на првото место на листата на најпродавани производители во светот, а сега е на врвот и на една друга листа – најбарана марка на Google.

Во 2019 година оваа титула му припадна на BMW, но пандемијата на коронавирус си го стори своте и Германците имаа голем пад во претходната година. 

Според резултатите од истражувањето Compare the Markets спроведено во 158 земји за 2018, 2019 и 2020 година, Toyota е на прво место во третина од нив (34.8 %) или подобро за 17.7 % споредено со година претходно. Бројката на Toyota за 2020 година е 88.02 пребарувања.

Во исто време, BMW бележи пад откако беше лидер во 118 земји во 2019 година, но во 2020 година таа бојка е само 34 земји. Сепак, германската марка останува на првото место за тригодишниот период на истражување со 38,3% наспроти 31,3% на Toyota.

Од друга страна, Mercedes-Benz го задржува третото место како најбаран производител, следен од Кia и Ford, кои влегуваат во Топ 5, откако во 2019 година беа на последните места од класификацијата. Во 2020 година тие се лидери во по една земја.