Само неколку месеци по официјалната презентација, новиот Stonic е веќе присутен во салонот на Kia Motors Macedonia

Kia Stonic на европскиот пазар беше претставен во 2017 година и од тогаш до денес носи голем успех за брендот на стариот континент, станувајќи негов четврти најпродаван модел со повеќе од 150.000 продадени единици. 

Посакуван пред се од помладата генерација, со новиот освежен изглед и нивото на опременост во иднина моделот само ќе ги надополни сите побарувања кои досега ги имаа клиентите. На нашиот пазар моделот ќе биде понуден во три нивоа на опременост во комбинација со два бензински агрегата. 

Првата изведба е Base и истата ќе се нуди исклучиво со 1.2 DPi бензински мотор со моќност од 84 коњски сили и 5-степен мануелен менувач. Следи нивото Reference 1, кое во себе содржи богата опрема, а се комбинира и со 1.0 T-GDi мотор со 100 КС со мануелен 6-степен или автоматски 7-степен менувач. Третата и најопремена изведба е Reference 2 и истата е посветена на оние кои сакаат повеќе, односно сакаат да се истакнат со својот автомобил.

Дизајнерски, надворешноста и внатрешноста останале воглавно непроменети, но сопствениците ќе имаат уште поголем простор за персонализација отколку порано, со нови бои на каросеријата и покривот и нов избор на тркала. Во салонот кога станува збор за Reference нивоата на опрема, нови се инфо-забавниот систем со екран осетлив на допир од 8 инчи со новите функции на Kia и 4,2 инчниот екран на инструмент таблата. Безбедноста и поддршката на возачот дополнително се подобрени со усвојување на низа нови високо-технолошки напредни системи за помош на возачот како на пример FCA – системот за избегнување фронтален удар со препознавање на возила и пешаци и LKAS – системот за одржување на возилото во лента. 

Повеќе за новиот Kia Stonic може да погледнете на официјалната страна или во салоните на Kia Motors Macedonia.