Електричниот автомобил добил изменета внатрешност и зголемена автономија

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla го ажурираше својот најпопуларен електричен автомобил – Model 3, кој добил промени како надворешно, така и во салонот. Model 3 сега има и подобрена динамика, како и зголемена автономија со едно полнење.

Новитетите во изгледот се минимални и се однесуваат на вратите, кои добиле црни рачки, како и облога на прозорецот. Достапни се и спортските тркала – 18 и 19-инчни, а 20-инчните се исто така достапни како опција со доплата. Пневматиците исто така имаат подобрена ефикасност.

Во салонот, сјајниот црн финиш на контролната табла и централната конзола е заменет со црна мат боја со детали од хром. Променета е и самата конзола за да може да понуди безжичен полнач за два паметни телефони. Во одделот за ракавици има две порти за приклучок, USB-C и USB-A.

Промени има и во техничкиот дел, бидејќи Model 3 ја добил истата HVAC термо пумпа како и неодамна лансираниот Model Y. Таа, заедно со подобрите гуми и промени во погонот, ја подобрува ефикасноста на електромоторите и овозможува зголемување на автономијата на електричниот автомобил.

Во основната верзија, Standard Range Plus, автономијата е зголемена од 410 на 430 километри, а во верзијата со Long Range Plus – од 560 на 580 километри. Подобрена е и динамиката на најпроизведуваната верзија Performance (462 КС), која од 0 до 100 km/h забрзува за 3,1 секунди (0,1 секунда побрзо од порано).

Loading...