Dacia го претстави својот прв сериски модел на струја / ФОТО+ВИДЕО
Компактниот кросовер Spring Electric ќе минува 225 километри со едно полнење
Dacia, која е во сопственост на Renault, ја претстави сериската верзија на компактниот кросовер Spring Electric. Станува збор за првиот електричен автомобил во историјата на романската марка и ќе биде меѓу најевтините електрични автомобили на пазарот во Европа. Се претпоставува дека цената на стандардните модификации на Spring Electric нема да надминуваат 10.000 евра.
Должината на Spring Electric е 3.734 mm, ширината – 1.622 mm, висината – 1.516 mm, а растојанието помеѓу двете оски – 2.423 mm. Растојанието од земјата е 150 mm.
Кросоверот е опремен со агрегатот од моделот Renault City K-ZE, модел кој се нуди на кинескиот пазар. Тоа значи дека електричниот автомобил на Dacia е опремен со електромотор од 45 КС и 125 Nm, кој се напојува со мала литиум-јонска батерија од 26,8 kW / h. Максималната брзина на машината е 125 km/h, а со едно полнење патува до 225 километри. Обезбеден е и режим ECO, со што километражата се зголемува за 10%. Кога ќе се активира модот, моќноста паѓа на 31 КС, а максималната брзина е 100 km/h.
За целосно полнење на батеријата од стандарден приклучок се потребни 14 часа, а помалку од 5 часа кога се користи системот Wallbox. Опремата вклучува електричен управувач, централно заклучување со далечински управувач и електрична контрола на сите прозорци.
Со зафатнина од 300 литри, багажникот е над просекот во класата.
Кокпитот на моделот Dacia Spring Electric практично е превземен од Renault City K-ZE, а дизајнот на ентериерот многу потсетува на сегашната генерација на автомобили Dacia.
Поскапите пакети опрема, меѓу другото, вклучуваат мултимедијален систем Media Nav со 7-инчен дигитален екран, електрични прозорци, задна камера, сензори за паркирање …
Daciа ќе понуди и товарна варијанта во форма на лесно комерцијално возило. Овој автомобил ќе има две седишта, додека обемот на товарниот простор во задниот дел ќе биде 800 литри. Должината на товарниот оддел е 1.033 mm, а капацитетот на товарот е 325 kg.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1kxUJJXYiY10LthxBGN3MWbM8cPCNHWVW” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Романскиот производител прво ќе го лансира моделот Spring Electric како дел од неколку услуги за споделување автомобили во Европа (почетокот на следната година), а во широка продажба од следната есен.