MotoGP: По ГН на Каталонија, Квартараро повторно лидер во шампионатот
Трета победа за Квартараро, Довициозо и Роси не ја завршија трката
По фуриозниот почеток на сезоната и серијата лоши резултати потоа, Фабио Квартараро повторно е на врвот. Победата во Барселона му беше неопходна, како во борбата за шампионската титула, но пред се за враќање на самодовербата. Младиот Французин на Каталуња докажа дека може да вози и под притисок, но и дека е ментално јак.
Возачот на Petronas Yamaha трката ја извозе беспрекорно, а неговата радост ќе ја надополни и фактот дека главниот ривал во борбата за титулата, Андреа Довициозо уште на стартот остана без пласман, откако беше удрен од Жоан Зарко по што излета од патеката.
Второто место му припадна на одличниот Жоан Мир од тимот на Suzuki, кој врза два подиума по ред и се проби на вицешампионската позиција во шампионатот. Најсреќни на крајот во боксовите беа токму од тимот на Suzuki, затоа што подиумот го дополни другиот возач на Suzuki, Алекс Ринс.
По стартот и во првиот дел од трката, Морбидели, Роси и Милер возеа одлично. Веднаш воспоставија темпо и контрола, а првиот инцидент го предизвика Зарко, кој падна, а во целата ситуација настрада и Довициозо кој буквално беше исфрлен од патеката.
Could this be the moment that halts @AndreaDovizioso's championship charge? ?
A weekend to forget for the Ducati rider after he crashes out with @JohannZarco1 on lap 1! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/CdtdFHSTUl
— MotoGP™? (@MotoGP) September 27, 2020
Стартот на Квартараро не беше идеален, но продолжи силно. Прво го помина Роси во битка за второто место, а набрзо и Морбидели и го презеде водството во трката. На средина од трката, без пласман останаа Пол Еспаргаро и Мигел Оливеира.
Набрзо Морбидели прави грешка и ја препушта втората позиција на Роси кој имаше добро темпо и тргна во потера по Квартараро. „Докторот“ постојано ја намалуваше разликата и до 16-от круг се чинеше дека има темпо за победа што ја чека повеќе од две години или барем за 200-ти подиум во кариерата. Сепак, кривината бр.2 беше фатална за неговите амбиции и тој заврши во песокот, а Мир ја презеде втората позиција.
Many fans hearts sank as @ValeYellow46 crashed out of the race while chasing the lead! ?
The Doctor's 200th premier class podium will have to wait a little longer! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/P5DwP84SYH
— MotoGP™? (@MotoGP) September 27, 2020
До крајот на трката, Алекс Ринс се избори со Милер и Морбидели за место на подиумот, а Квартараро, во манир на искусен возачи, ја приведе трката до крајот и ја забележа третата сезонска победа.
Резултати:
MotoGP 2020 Catalunya Highlights:
https://youtu.be/zpF9_7vlQis
Изјавија по трката:
"It feels great to be back here!" – @Rins42 ?️
After injury troubles in 2020, the @suzukimotogp rider has returned to the rostrum! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/x7IRZuhWfe
— MotoGP™? (@MotoGP) September 27, 2020
"Today @FabioQ20 was clearly faster than us!" – @JoanMirOfficial ?️
Despite his late charge, the @suzukimotogp rider admits Quartararo deserved victory! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/UkQDWr4uCA
— MotoGP™? (@MotoGP) September 27, 2020
"The @suzukimotogp guys were much faster at the end of the race!" – @FabioQ20 ?️
The chequered flag came just in time for the new championship leader! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/RouTG1rhY2
— MotoGP™? (@MotoGP) September 27, 2020
Следува пауза од две недели, по што следи трката за ГН на Франција на Ле Ман, на 11-ти октомври.