Валтери Ботас ги искористи 10-те секунди казна за Луис Хамилтон и оствари победа на трката за ГН на Русија

 

Финецот стигна до вториот сезонски триумф и првиот по воведната трка во Австрија, откако Луис Хамилтон доби 10 казнени секунди поради два нелегални пробни стартови за време на кругот за загревање.

Освојувачот на пол-позицијата во саботните квалификации, Луси Хамилтон, доби две одделни казни од по пет секунди, поради што по одработувањето на казната во својот бокс, на патеката се врати како 11.

Секако, Британецот веднаш започна да се пробива низ поредокот, за на крајот да стигне до подиумот без некои поголеми проблеми, зад Ботас и Ферстапен, иако дека за изедначување на рекрдот на Михаел Шумахер од 91 гранд при победи ќе сочека барем до наредната трка.

Според некои мислења актуелниот шампион беше престрого казнет, ​​а еуфоријата на Ботас по победата изгледаше малку претерана, со оглед на тоа што без оглед на резултатот, тој повторно не успеа да го победи Британецот во трка. 

Како и да е, дефицитот од 55 поени сега е намален на 44, на седум трки до крајот на шампионатот, иако веројатно малкумина веруваат дека оваа победа ќе му помогне на Ботас да го притисне Британецот и да ја врати неизвесноста во шампионатот кога станува збор за шампионската титула кај возачите (за конструкторската и не станува збор за неизвесност).

На самиот почеток, Хамилтон го одби налетот на Ботас и поведе по прилично хаотично отворање на трката и два одвоени инциденти поради кои на патеката излезе возилото за безбедност. Карлос Саинц од McLaren неуспешно ја мина утврдената патека за кривината број 2 притоа удирајќи во заштитниот ѕид, а Ленс Строл од Racing Point закачeн од Ferrari-то на Чарлс Леклерк, исто така заврши во заштитната ограда.

Хамилтон, исфрустриран од казната, ја игнорираше наредбата од својот тим да влезе во боксот, за на крајот од 16-от круг конечно да го стори тоа, а со тоа и да го препушти водството на тимскиот колега Ботас.

Серхио Перез го постигна најдобриот личен резултат оваа сезона освојувајќи го четвртото место во Сочи, пред Даниел Рикиардо од Renault и Лелкерк, кој исто така го постигна најдобриот резултат во сезоната за Ferrari по „70th Anniversary  Grand Prix“ (4-то место).

Данил Квијат од Alpha Tauri иако забрза кон крајот, немаше доволно време да го престигне Естебан Окон од Renault, па заврши зад Французинот за само седум десети делови од секундата, додека неговиот тимски колега Пјер Гасли беше деветти.

Алекс Албон успеа да се поврати по падот во пласманот предизвикан од проблемот со менувачот, па успеа од 19-та да се пробие до 10-та позиција, освојувајќи го последниот бод и заокружувајќи ја листата на возачите кои ја завршија трката во еден круг.

Се на се една бледа трка која нема долго да се помни, барем заради тркачките возбудувања.

Резултати:

2020 Russian Grand Prix: Race Highlights:

Изјави по трката:

Валтери Ботас

„Се обидов да го поминам Луис на стартот. Предлабоко закочив и ја испуштив можноста. Сепак, знаев дека трката е долга, а тогаш Луис доби и казна. Го контролирав темпото и денот беше позитивен. Убаво е повторно да се победи. Морам да го задржам моментумот. Сè уште има многу трки. Кој знае што може да се случи. Дефинитивно нема да се предадам и ќе видиме до каде ќе не однесе тоа“, изјави Ботас по трката.

 

Макс Верстапен

„Изгубив малку на стартот, но беше интересно во првите неколку кривини. Во вториот свиок морав да одам по заобиколен пат и за среќа немав проблеми. По рестартот бевме малку поспори на средно тврди гуми, но како преминавме на тврди, бевме поконкурентни. Ги раздвоивме возачите на Mercedes и можеме да бидеме задоволни. Јас се фокусирав на мојата трка и мислам дека го извлековме максимумот од тоа“, изјави на крајот младиот Холанѓанец Верстапен.

 

Луис Хамилтон

„Денот не беше многу добар, но така е како е. Веќе не е важно што се случи. Освоив поени колку што можев и тоа е тоа. До крајот, едноставно морав да ја задржам својата позиција и да му ја честитам победата на Валтери“, изјави разочараниот Хамилтон по трката.

Loading...