„Многу сум среќен, ветена ми е фабричка поддршка“

Викондов стигна и долго очекуваната официјална потврда – Валентино Роси останува во кралската класа уште една година, но во боите на Petronas Yamaha.

Ова е првпат „Докторот“ да се приклучи на сателитски тим, иако му е ветена фабричка поддршка.

„Многу сум среќен што ќе продолжам да возам и тоа со тимот на Petronas Yamaha. Размислував многу пред да ја донесам оваа одлука, бидејќи предизвикот e се поголем. За да бидете во врвот на MotoGP, мора да работите напорно, да тренирате и да водите ‘спортски живот’ секој ден. Без оглед на се, мене тоа ми се допаѓа и сè уште сакам да возам. Во првата половина од годината разговарав со Yamaha и добив потврда дека, дури и ако нема место за мене во тимот, фабрички мотор и поддршката се загарантирани“, изјави Роси по објавувањето на одлуката.

Ова значи дека идната сезона тимот на Petronas Yamaha ќе го сочинуваат Франко Морбидели и Валентино Роси. Фабио Квартараро заминува на местото на Роси во Monster Yamaha и ќе биде тимски колега на Маверик Вињалес.

Loading...