![Нова одлична трка: BMW M340i vs Audi RS4 / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/06/Untitled-1-6.jpg)
Нова одлична трка: BMW M340i vs Audi RS4 / ВИДЕО
Нов голем дуел на германски „ѕверки“
Тимот на порталот Carwow редовно го покачува адреналинот на читателите, а таков е случајот и оваа недела. Нова трка за забрзување во која главните улоги ги „толкуваат“ од BMW M340i и Audi RS4.
BMW автомобилот е придвижуван од 3.0-литарски I6 турбо мотор со 374 КС и 500 Nm максимален вртежен момент, додека неговата цена е околу 50.000 британски фунти. Наспроти него е Audi со 2.9-литарски V6 twin-turbo мотор со 450 КС и 600 Nm вртежен момент, а неговата цена е околу 65.000 фунти.
Двата автомобили тежат 1.750 килограми, а кој е победник може да видите во приложеното видео.