Дружење зачинето со гледање на филм, без да го загрозат нивното здравје

Шпанија беше тешко погодена од пандемијата на коронавирус, но сега животот како и секаде низ Европа полека се нормализира. Генерално, големи настани се избегнуваат, но истите не се неостварливи ако се организираат во согласност со сите упатства на шпанските институции. Локалниот дилер на престижниот германски бренд, Porsche Iberica го покажал тоа и на дело.

Од компанијата ги поканиле сопствениците на Porsche во Drive-In кино во Мадрид. На повикот одговориле околу 250 од нив, но вкупно се собрале околу 600 фанови. Тие го зачиниле дружењето со заедничко гледа на филм, а изборот паднал на филмот Bad Boys For Life, најновото продолжение на хит серијалот Bad Boys. Заедно со Вил Смит и Мартин Лоренс, Porsche редовно има забележителна улога во филмот, а во последното продолжение, таква улога има најновата 911-ка.