Почнувајќи оваа есен Škoda на своите клиенти ќе им ја понуди новата Octavia со погон на компримиран природен гас (CNG)

Новиот Octavia G-TEC има три резервоари со метан, со вкупен капацитет од 17,33 килограми, како и мал резервоар за бензин во кој влегуваат 9 литри од ова гориво. Како што велат во Škoda Octavia G-TEC, тоа е доволно за максимална автономија од околу 700 киломтери.

CNG резервоарите на автомобилот му овозможуваат да патува 500 километри на метан, додека со помош на бензинот може да се покријат дополнителни 190 км. Преминот од CNG на бензин се врши автоматски.

Под капакот на Škoda Octavia G-TEC се наоѓа 1.5 TSI со 130 КС, кој според стандардот WLTP троши 3,4 до 3,6 килограми метан на 100 километри или 4,6 литри бензин на исто растојание. 

Škoda Octavia G-TEC „стартува“ на бензин, а моторот потоа автоматски се префрла во режимот CNG. Префрлувањето на бензин исто така се случува автоматски, но само кога притисокот на метанот во резервоарите падне под 11 бари или во случај надворешната температура на воздухот да се спушти под -10 степени целзиусови.

И покрај дополнителните резервоари за метан, клиентите на Škoda Octavia G-TEC сè уште можат да сметаат на голем простор за багаж од 455 литри за лимузинската варијанта и 495 литри за караван верзијата.

Škoda Octavia G-TEC во европските салони ќе пристигне оваа есен, кога ќе се знае и цената на овој автомобил.