Испорака на нов автомобил во време на епидемија на кинески начин / ВИДЕО
Кинескиот Geely смислил иновативен начин кој подразбира целосно безконтактна достава на нов автомобил до клиентите
Пандемијата на коронавирус погоди многу индустрии, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија. Освен влијанието на производството, целата ситуација драстично се рефлектира и на продажбата на веќе изработените возила.
Бидејќи епидемијата прво ја погоди Кина, тамошните автомобилските компании уште во февруари се обидле да најдат начини како да стигнат до потенцијалните клиенти. Така, компанијата Geely, откако изложбените салони ги загубија своите посетители, лансирал своја онлајн продажна услуга, која не само што му овозможува на клиентот да го избере своето возило, туку истото и да му биде доставено на домашна адреса – прво на тест возење, а подоцна и за постојано – ако се реши да го купи.
Од Geely велат дека на овој начин досега продале над 10.000 возила, а уште 110.000 потенцијални клиенти се регистрирале за оваа услуга и изразиле желба да го купат својот нов автомобил на тој начин.
Во Geely снимиле и видео од кое се гледа како изгледа испораката на нов автомобил купен онлајн. Како што се наведува, примопредавањето е практично без контакт. Новиот автомобил, претходно темелно дезинфициран, се довезува на домашната адреса на клиентот, а особено е интересен методот за испорака на клучот од возилото.
Како сето тоа изгледа може да погледнете во приложеното видео.