Луис Хамилтон изјави дека е шокиран од одлуката да има трка во Австралија и покрај состојбата на глобално ниво со коронавирусот или COVID-19. Тој исто така вели дека не е задоволен од тоа како првите луѓе на Formula 1 и FIA се справуваат со ситуацијата во моментот

Веќе неколку членови на тимот на Haas и по еден од McLaren и Williams веќе се ставени во карантин поради вирусот. Резултатите од тестовите се очекуваат во секој момент. Ако се покажат позитивни, тоа може да доведе до откажување на трката.

„Навистина сум изненаден што сме тука во Австралија“, вели Хамилтон. „Мислам дека е супер да се тркаме, но за мене е шокантно што сите ние заедно стоиме во оваа просторија (за прес-конференции). Толку многу фанови веќе се тука. Видовте дека претседателот Трамп ги затвори границите на Соединетите држави кон Европа (се однесува на земјите-членки на Шенген). NBA првенството исто така е прекинато. Но Formula 1 продолжува. Ова утро го видов Џеки Стјуарт и други постари луѓе, кои мислат дека ситуацијата е загрижувачка“.

На прашањето зошто, според него, трката не е откажана, Хамилтон одговори дека парите се над се. Тој се надева дека сите луѓе во Алберт Парк ги презеле потребните санитарни мерки и дека викендот ќе помине без фатални случаи.

Во врска со одлуката да се има трка, Себастијан Фетел и Даниел Рикиардо изјавија дека треба да им се верува на FIA и FOM и да се преземат потребните мерки на претпазливост.