McLaren Racing потврди дека нема да настапат на ГН на Австралија откако еден од членовите на тимот беше тестиран,  а резултатите покажале дека е позитивен на коронавирус

Членот на тимот бил тестиран и сместен во самоизолација веднаш штом почнал да покажува симптоми и во моментов е под надзор на локалниот здравствен систем.

Од McLaren велат дека тие биле подготвени за овој исход и дека ќе ја дадат целата поддршка на работникот кој сега е во карантин. Во соработка со локалните надлежни власти ќе биде спроведена детална истрага и анализа на случајот.

Зак Браун, шефот на McLaren racing и Андреас Сејдл, директор на McLaren F1, утринава ја информирале FIA за нивната одлука. Според нив, оваа одлука е донесена не само заради грижи за вработениот во тимот на McLaren, туку и заради сите учесници и партнери на трката, како и фановите.

Потсетување, вработениот во McLaren е еден од петте членови од тимовите во Formula 1, кои беа при тестирани на коронавирус по пристигнувањето во Мелбурн. Четворицата членови на тимот на Haas, за кои се верува дека се еден инженер и тројца механичари, кои исто така беа тестирани за имаат негативни резултати.