Во минатото, трките за забрзување беа резервирани за спортски и таканаречени „muscle“ автомобили 

Денес во нив учествуваат и SUV / crossovers модели. Овој пат на стартната линија се Tesla Model X , BMW X7 и Mercedes GLC.

Описот на видеото не е детален, но реално, секогаш е подобро да знаете што е можно помалку, пред да гледате добра трка за забрзување. Она што е познато е дека електричниот автомобил е управуван од тандем електромотори, каде едниот е задолжен за предната, а другиот за задната оска. Секој произведува по 193 kW (262 КС), што значи станува збор за стандардниот модел.

Што се однесува до Германците, GLC доаѓа во 63 S издание, што значи дека има 510 КС кои доаѓаат од 4.0-литарски V8, додека најголемиот помеѓу моделите на BMW-те под капакот има 4.4-литарски би-турбо V8 со 530 „коњи“ .

На хартија, најбрз е GLC 63 S, и не треба да биде изненадување ако е побрз од масивниот X7.  Сепак, тука се прашува и една Tesla…