Renault Kadjar доби благо затегнување на борите, се во согласност со компанискиот рестилизациски тренд во последните 3-4 години

Откако Renault Kadjar е лансиран на пазарот во 2015 година, има завиден продажен резултат и повеќе од 450.000 корисници. Иако ова не е резултат еднакво добар како оној на сестринскиот Qashqai, јасно е дека Kadjar е многу важен модел за Renault.

Кога станува збор за највидливата промена во екстериерот, тогаш фокусот е поинаку обликуваните фарови, нов LED светлосен потпис, како и изменет облик на магленките. Предниот браник е, исто така, малку поинаков, а суптилно е изменета и предната маска. Промените се пресликани и на задната страна на автомобилот каде што е поставена поинаква светлосна група.

Новина е цела селекција на нови фелни од 17 до 19 кола.

Во внатрешноста, нов е екранот на мулти-медијалниот систем со дијагонала од 7 инчи, а од Renault велат дека ги прераспределиле копчињата и контролите во салонот за подобра ергономија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1lYgpDQzvQsRwBSSmdI3f9rIDGfBrpvOK” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Кога станува збор за моторната гама, и тука има промени. Понудата на погонските единици сега е побогата за 1.3-литарски 4-четирицилиндерски бензински мотор. Оваа единица ќе биде достапна во две конфигурации: со 140 и 160 КС.