Со серијата на премиери презентирани од германскиот премиум бренд во Париз, бројката на модели во понудата сега е приближно 40

Голем број, особено ако се погледне портфолиото на Mercedes пред 20 или 30 години. Сепак, следната година, Daimler ќе биде предводен од Ола Келениус, кој во разговор со новинарите во францускиот главен град за широката гама на автомобили вели:

„Во изминатите 20 години, забележавме постојан раст кај нашите автомобили. Особено кога зборуваме за SUV моделите. И покрај тоа што го сакаме секое дете во нашето семејство, ние ќе мора да бидеме рационални“, вели Калениус. „По 2020 година, ние ќе ја преминеме бројката од 40 модели во портфолиото. Јасно е дека таму каде што економските показатели нема да бидат поволни, ќе мора одредени модели да ги испратиме во пензија“.

Калениус не сака да коментира кои модели наскоро би можеле да влезат во историјата. Иако постои сомневање, сепак е невозможно Б-класата да биде еден од моделите кои ќе се пензионира, бидејќи Mercedes туку што ја претстави новата генерација.

Под висок ризик се малите кабриолети и се верува дека SLK ќе биде првиот со кој Daimler ќе се збогува.

„Во следниот период, ќе направиме анализа во кој правец се движат насоките и желбите на клиентите. Тоа е најважно. Но, мислам дека нема да има какви било радикални кратења, туку само логички потези“, заклучува идниот шеф на Daimler.